Ненад Димитријевиќ одигра десеттина минути за Хувентуд против Басконија и имаше солиден придонес во изненадувачката победа на неговиот тим против евролигашот во четвртфиналето на шпанскиот куп.
Хувентуд победи со 99:89 и ќе игра со победникот од дуелот меѓу европскиот првак Реал Мадрид и Естудијантес во полуфиналето на „Копа Дел Реј“.
Димитријевиќ постигна шест поени и имаше две асистенции, а главен актер на мечот беше неговиот соиграч Нико Лапровитола. Аргентинецот беше нерешлива енигма за одбраната на Басконија и постигна 36 поени.
Во второто полуфинале ќе играат Барселона и Тенерифе.