Шестата најслаба репрезентација во Европа со победа вечерва ќе се пласира на ЕП 2024

Денеска може да биде историски ден за молдавскиот фудбал, нивната репрезентација е на 90 минути од прв пласман на Европско првенство. Вечерва Молдавците гостуваат кај Чешка и ако победат, што би било големо изненадување, ќе се пласираат на ЕП 2024 заедно со Албанија од групата во која фаворити беа Полска и Чешка.

Тимот на селекторот Сергеј Клешченко е дури 157-ми на ранг-листата на ФИФА (ова им е најдобар ранг во последните шест години), што ги прави шеста најслаба репрезентација во Европа. Пониско рангирани од нив се само Андора, Малта, Лихтенштајн, Гибралтар и Сан Марино.

Молдавија изненадувачки е на една победа од ЕП, а во Лигата на нациите учествуваше во најслабата Лига Д, каде што се седумте најслаби во Европа, и не успеа да го освои првото место во својата група, поради послаба гол-разлика од Летонија.

Во селекцијата на Молдавија има само еден фудбалер кој игра во некоја од најквалитетните лиги во Европа, тоа е Николаеску, кој е член на холандскиот Херенвен. Дали сонот ќе стане јаве и Молдавија ќе биде чудото на квалификациите ќе видиме вечерва, на мечот во Оломуц.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести