Шестиот носител на Ролан Гарос е во аут, Синер потврдува дека е меѓу главните фаворити за трофејот

Јанис Синер со убедливи 3:0 го победи Павел Котов и се пласира во осминафиналето на Ролан Гарос. Италијанскиот тенисер во сите три сета беше подобар со 6:4 и продолжува со перфектната низа сезонава на еден од најпрестижните турнири без да загуби ниту еден сет.

Добриот ден на италијанските тенисери го потврди и Матео Арналди, кој изненадувачки славеше над Андреј Рублев. Рускиот тенисер, кој беше шести носител и голем фаворит за победа, на крајот загуби со 0:3 во сетови.

Арналди со оваа победа го направи првото големо изненадување. Првиот сет го доби со 7:6 во тајбрејк, а потоа беше убедлив и со 6:2 и 6:4 го комплетира неочекуваниот триумф.

Вечерва ќе се одиграат уште неколку дуели од програмата на Ролан Гарос, а во фокус ќе биде настапот на Карлос Алкарас, кој е голем фаворит за победа, но некои најави се дека се жали на некаква повреда, па треба да се види како Шпанецот ќе се снајде во третото коло против Корда.

- Оглас -

Најнови вести