Шестмина играле за Јуве и Валенсија, како и за Реал и Рома

Јувентус ја пречекува Валенсија, а Рома е домаќин на Реал Мадрид во двете вечерашни италијанско-шпански пресметки од Лигата на шампионите.

Она што е заедничко за овие два натпревари е што и во едниот и во другиот случај по шестмина фудбалери ги носеле дресовите на двата клуба кои вечер ќе играат еден против друг.

Дресовите на Реал Мадрид и на Рома низ историјата ги носеле Кристијан Панучи, Жулио Баптиста, Сисињо, Емерсон, Антонио Касано и Фернандо Гаго. Од овие шестмина, дури тројца се Бразилци, двајца Италијанци, а еден е Аргентинец.

Членови и на Јуве и на Валенсија биле Дидие Дешамп, Марко ди Вајо, Емилијано Морети, Мохамед Сисоко, Жоао Кансело и голманот Нето. Десниот бек Кансело летоска беше продаден од Валенсија во Јувентус и важи за едно од најголемите засилувања на „старата дама“, а сега ќе треба да игра против својот поранешен клуб.

- Оглас -

Најнови вести