Шевченко: Коронавирусот е како Чернобил

За Андреј Шевченко не е прв пат да биде во ситуација во која се соочува со смртна опасност по здравјето. Легендарниот украински фудбалер се сеќава дека кога бил дете, морал да се пресели од родниот Киев поради нуклеарната хаварија во Чернобил.

Сега, по повеќе од 20 години, Шевченко е повторно пред голем предизвик. Да се справи со Коронавирусот. Шевченко веќе со денови е во изолација во Лондон и објаснува како се снаоѓа.

„Живеам во предградје на Лондон. Веќе 10 дена сум заклучен во куќата. Живееме во тешки времиња, но мора да се надеваме дека ќе биде подобро. Треба да се почитуваат правилата кои ги спроведуваат властите и да им се даде можност на лекарите да си ја завршат својата работа. Сите лекари на светот одлично си ја работат својата работа. Им благодарам на сите затоа што тие се хероите на нашето време. Ова е многу слична ситуација како во времето кога експлодира Чернобил. Тоа беа тешки времиња. И сега не смееме да правиме глупости, затоа што не знаеме дали сме заразени или не сме. Може да го имаме вирусот во себе и да го пренесуваме на други“, вели Шевченко.

Напаѓачот три сезони помина во Челзи, а имаше блескави моменти како играч на Милан и Динамо од Киев.

- Оглас -

Најнови вести