Армани Милано им се придружи на ЦСКА и Анадолу како трет патник во фајлнфор завршницата од Евролигата по победата од 92:89 над Баерн Минхен во мајсторката.
Шејвон Шилдс одигра животна партија и буквално ги потопи Баварците со високи 34, од кои 30 ги постигана само во 24 минути, или по три одиграни четвртини.
Баерн пружи отпор само во воведните минути, по што тимот на Еторе Месина ја презеде контролата и со серија од 12-0 си го отвори патот кон клучната победа. Двоцифрената предност се одржуваше до самиот крај, со тоа што Армани во неколку наврати имаше највисоки +16, меѓутоа во Баварците имаа шанси да приредат изненадување откако ја стопија негативата само на еден кош пред Шилдс да го погоди клучното слободно фрлање во последните секунди.
Барселона лесно ќе го надигра Зенит во мајсторката со 79:53 и го комплетира костурот за фајнлфор завршницата во Евролигата.