Широки запиша неколку рекорди, Мираковски е бесен: Ова е срам за Работнички (Видео)

Широки Бријег урна два рекорди во АБА 2 лигата со најмногу поени во една четвртина, 41 и најмногу поени на тим во второ полувреме, точно 71 во победата против Работнички од 106:77.

Македонскиот тим како да не постоеше во второто полувреме што го загуби со 71:40 и позитивата од два поени ралзика по првиот дел се претвори во дебакл и пораз од 29 поени разлика.

„Ова е голем срам за Работнички. Примивме над 100 поени и дури 71 во второто полувреме. Разбирам дека е тешко да се игра во вакви услови на пандемија со Ковид-19, но ова е недозволено. Ќе мора да поразговараме со играчите, бидејќи ова не личи на Работнички“, изјави Димитар Мираковски, тренерот на македонскиот клуб.

Работнички има само теоретски шанси за настап во плејофот и му требаат три победи во последните кола и останатите резултати да му одат во прилог, што е невозможна мисија, па сега приоритет е да се избегнат последните четири места и битката за опстанок во АБА 2.

- Оглас -

Најнови вести