Катастрофално второ полувреме му ги уништи надежите за плејоф на Работнички (Видео)

Работнички ги загуби сите надежи за настап во плејофот во првата сезона што ја игра во АБА 2 лигата по катастрофалниот пораз попладнево од Широки Бријег со 77:106.

Клучен период за неуспехот беше третата четвртина што македонскиот тим ја загуби со 18:41, или цели 23 поени разлика. Последниот период исто така беше лош, па Работнички прими и неверојатни 106 поени, а го загуби второто полувреме со 40:71.

Првиот дел беше многу солиден за нашиуот најтрофеен клуб, а двете стартни четвртини Работнички ги доби со по еден поен разлика и на одмор замина со предност од 37:35.

Потопот почна во продолжението кое почна со серија од 10:0 за Широки Бријег. Работнички не успеа да се врати од шокантниот старт на второто полувреме и од плс два, стаса до минус 21 поен, 55:76 пред почетокот на последните 10 минути.

Лошата претстава на скопјани продолжи, па со катастрофалниот пораз загубени се речиси сите шанси за настап во плејофот. Со биланс од 3 победи и 7 порази, од кои три се со службен резултат, Работнички е на делба на 10. место со Горица и ќе биде битка во последните три кола да избегне плејаут и борба за опстанок во АБА 2.

Од 16 часот МЗТ Скопје ќе игра против Младост Земун во обид да се врати на делба на втората позиција и да си ги подобри шансите за настап во плејофот.

 

- Оглас -

Најнови вести