Дамјан Шишковски останува во Финска и ќе брани за РоПС Рованиеми откако си замина од Лахти. Членот на златната генерација македонски млади фудбалери кои играа на Европското првенство во Полска потпиша шестмесечен договор со новиот клуб.
„Дамјан е голем потенцијал. Одличен е во ситуации еден на еден и има солиден рефлекс за неговата висина“, изјави Јухо Луконен, тренер на голманите во РоПС.
Во овој тим до скоро играше Филип Ивановски, а Шишковски го привлекол вниманието на скаутите на РоПС со добрите одбрани против нивниот тим на дуелот со Лахти игран на 25-ти април лани.
„Среќен сум што останав во Финска. Сега треба да се прилагодам во новата средина, иако ги знам сите играчи на РоПС“, изјави Шишковски. Договорот му важи до средината на јули, со можност тој да се продолжи.