ПАОК и Борац Бања Лука одиграа интересен натпревар во Солун од квалификациите во Лигата на шампионите, Грците победија со 3-2, а по првото полувреме беше 2-2.
На голот на првакот на Босна и Херцеговина беше Дамјан Шишковски. Македонскиот чувар на мрежата прими три гола, но неговиот тим ги задржа шансите на реваншот да направи изненадување и да се пласира во наредната фаза од квалификациите за ЛШ. Победничкиот гол на ПАОК за 3-2 погледнете го ТУКА.
Подобриот од овој грчко-босански двобој, во следното коло речиси сигурно ќе игра со шведски Малме, кој има 4-1 од првиот меч со Клаксвик од Фарски острови.