Шкендија брани предност од два гола, на Пандевци им е потребно чудо

Екипите на Шкендија и Академија Пандев попладнево ги играат реванш-дуелите од првото квалификациско коло во Лигата на конференции.

Тетовци се во доста подобра позиција отколку колегите од Струмица, имаат 2-0 предност која ќе ја бранат против Арарат во Ереван. И во овој дуел Шкендија е за нијанса во фаворитска улога, барем според квотите во Sport Life, за што се нуди 2.55 квота за двојка.

Доколку Шкендија го сочува поволниот резултат, во следното квалификациско коло ќе се сретне со летонскиот тим Валмиера.

Академија Пандев пак, ќе мора да направи чудо на тренинг центарот „Петар Милошевски. Има негатива од 1-4 од првиот меч против Легија, за што ќе биде потребна врвна партија од страна на струмичани за да се пласираат во следното коло, каде Рапид Виена го чека подобриот од овој двомеч.

Кецот на Пандевци во Sport Life изнесува 5.90 квота, во однос на фавотитската двојка за Легија при 1.48 коефициент.

Двата натпревари се закажани за терминот од 17 часот.

 

- Оглас -

Најнови вести