Шкендија доминира против Силекс, кратовци бараат чаре за прекин на црната серија

Шкендија и Силекс ќе го играат првото од двете дербија во осмото коло во најсилната македонска фудбалска лига, а тетовци денеска од 15 часот ќе се обидат да ја продолжат доминацијата во дуелите со кратовци.

Шкендија има повеќе од двојно победи против Силекс од порази и нерешени дуели и е фаворит и според традицијата, формата и квалитетот.

Силекс во септември влезе во црна серија од три порази на домашната сцена, а лесно беа елиминирани во првите дуели и за пласман во Лигата на шампионите и за евентулна учество во фазата по групи во Европа Лигата.

Данокот од настапите во квалификациите за Европа Лигата ги плаќа и Ренова, екипа што нанижа четири порази по ред во ПМФЛ, а денеска ќе и гостува на потонатата Беласица.

Струмичани редат само порази во новата сезона, имаат 7 на исто толку натпревари со катастрофална гол-разлика од 2:20 и се први кандидати за преселба во понизок ранг.

Работнички ќе ја брани серијата без пораз на шест меча против Академија Пандев, интересно ќе биде и во Ѓорче Петров, каде Македонија му е домаќин на Струга Трим Лум, а препородениот Борец ќе се обиде да го изненади Шкупи на Чаир.

Утре се игра најголемото македонско дерби меѓу Пелсистер и Вардар, исто така од 15 часот.

Двојки, 8. коло

Денеска, 15 часот: Шкендија – Силекс, Беласица – Ренова, Работнички – Академија Пандев, Македонија Ѓ.П. – Струга, Шкупи – Борец.

Утре 15 часот: Пелистер – Вардар

Табела: Шкендија 17, Македонија Ѓ.П. и Шкупи по 13, Борец 12, Струга 11, Вардар, Силекс и Работнички по 10, Пелистер 9, Академија Пандев 6, Ренова 5 и Беласица без бодови.  

- Оглас -

Најнови вести