14.8 C
Skopje
сабота, 8 ноември 2025

Шкендија досега од европските настапи заработи 5 милиони евра

Македонскиот фудбалски првак Шкендија, од настапите во европските купови во сезоната 2025/2026, има заработено вкупно 5 милиони евра.

Победите и ремијата носат парични награди кои не се за потценување, особено не за некој македонски клуб.

Според податоци на ФМД, најмногу пари од клубовите кои се во Конференциската лига има заработено Фиорентина (7,2 милиони евра), иако Виолетовите не се први на табелата. Над 7 милиони имаат и Шахтар и Мајнц. Најмалку заработил Хамрун од Малта, 4,1 милион, што за нив и не е малку.

Во Лига Европа, најмалку добил Малме (6,5 милиони), а најмногу Фенербахче (18 милиони).

Разликата е огромна и со Лигата на шампионите. Таму Каират е последен, а станал побогат за 21,2 милиони евра.

- Оглас -

Најнови вести