Шкендија го избрка тренерот, Игор Ангеловски во опција за нов стратег

Македонскиот фудбалски првак Шкендија реши да му се заблагодари на тренерот Ернест Ѓока и да ја прекине досегашната соработка. Отказот на Ѓока доаѓа по очајниот настап на тетовци во европските купови.

Во четири меча, Шкендија претрпе четири порази, и тоа без ниту еден даден гол. По заминувањето на Ѓока, веќе започнаа шпекулациите за тоа кој ќе биде нов предводник на тетовци, а како еден од оние чии имиња се спомнуваат е и досегашниот селектор на Македонија, Игор Ангеловски.

Популарниот Мрме ја предводеше Македонија на историското прво Европско првенство, а договорот со ФФМ му истекува утре.

- Оглас -

Најнови вести