Шкендија готви подарок за дебито на Ѓока, Академците на Пандев сакаат да ги израмнат сметките

Ернест Ѓока ќе дебитира како нов тренер на Шкендија денеска против Академија Пандев, во премиерниот меч од десеттото коло во Првата македонска фудбалска лига.

Играчите на шампионот му подготвуваат победнички старт, но нема да им биде лесно против Академците на Пандев. Струмичани одлично ја почнаа сезоната и моментно се втори на табелата со 18 бода, два помалку од лидерот Вардар.

И сакаат изненадување во Тетово од 14.30 часот, со што би се израмниле во меѓусебниот биланс со Шкендија во десеттиот меѓусебен меч. Засега „црвено-црните“ се поуспешни за една победа, а билансот е 4-2-3 во корист на акуелниот македонски првак.

И двата состави имаат играчи со обврски кон репрезентациите во октомврискиот циклус, па се подготвуваа за продолжението на првенството некомплетни.

Шкендија е фаворит, иако лошо стартуваше и има само 11 бодови од 9 меча, а и струмичани си имаат свои сметки и со евентуален триумф би биле лидери на табелата, барем до мечот меѓу Македонија Ѓорче Петров и Вардар.

 

 

- Оглас -

Најнови вести