Шкендија и Академија Пандев загубија со „два во еден“, Вардар не ја сврте за „еден во два“

Многу возбудувања, пресврти и на крајот ниедна победа на екипите кои се на првите три позиции на табелата во Прва лига. Вардар освои бод на гостувањето кај Силекс во Кратово, но и тоа беше доволно да ја зголеми бодовната предност на табелата пред Академија Пандев и Шкендија.

Црвено-црните одиграа 2:2 во Кратово на меч во кој беа во негатива на полувремето, но на крајот жалеа што не ги освоија трите бода. Силекс поведе со голот на Грозданоски, а Вардар во вториот дел со погодоците на Тошевски и Цветаноски направи пресврт.

Сепак, Силекс не се предаде и со погодокот на Костовски во 86-тата минута стигна до 2:2.

Академија Пандев на полувремето водеше со 1:0 на гости кај Шкупи, но на крајот загуби. Рајковиќ ги доведе струмичани во водство, но во второто полувреме Шкупи даде три гола. Сержињо, Дарбо и Јусуфи беа творци на пресвртот.

На ист начин како Академија Пандев загуби и Шкендија. Тетовци имаа предност на гостувањето кај Струга Трим Лум со голот на Жуниор, но потклекнаа во вториот дел. Кочоски и Лена беа творци на пресвртот за радост на стружани.

Работнички конечно победи, и тоа во дуелот со Борец со 2:1, а Македонија Ѓорче Петров со голот на Дејан Блажевски буквално во последните секунди стигна до бод на гостувањето кај Ренова (1:1).

Табела: Вардар 32 бодови, Академија Пандев 27, Шкендија 24, Силекс 23, Шкупи 22, Македонија ЃП 22, Струга ТЛ 22, Ренова 16, Борец 16, Работнички 14.

- Оглас -

Најнови вести