Шкендија ја почнува мисијата за пласман во групите од Лигата на шампионите

Македонскиот фудбалски првак Шкендија вечерва на арената „Тодор Проески“ во Скопје ќе го игра првиот меч од квалификациите во Лигата на шампионите, а ривал е Мура. Словенечкиот првак е ривал за респект, но тетовци сепак ја имаат предноста на домашен терен и се поискусни на меѓународна сцена. Мура првпат игра во елитната лига на УЕФА.

За Шкендија ова е четврто учество во квалификациите за ЛШ. Во 2011 година беа елиминирани на стартот од Партизан, а тоа се случи и во 2019 година, кога на стартот беа елиминирани од Номе Кајлу. Единствено во 2018 година Шкендија успеа да помине, и тоа две рунди, против ТНС и Шериф Тираспол, а да потоа бише елиминрана од Ред Бул Салцбург.

Капитенот на Шкендија, Егзон Бејтулаи, е оптимист, па дури најави дека неговиот тим сезонава сака да се обиде да стигне до групната фаза од Лигата на шампиони, нешто што не му успеало на ниту еден македонски клуб досега во историјата.

Шкендија во 10 меча од квалификациите за ЛШ има три победи, едно реми и дури шест порази, а ако се гледаат сите европски настапи, билансот на тетовци е 14 победи, седум нерешени и 18 порази.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести