Желбата на Шкендија е да игра во групната фаза од Лигата на шампионите

Македонскиот фудбалски првак Шкендија е подготвен за утрешниот меч против Мура во квалификациите за пласман во Лигата на шампионите. Тетовци играат на арената „Тодор Проески“ и се надеваат дека ќе стекнат солидна предност пред реваншот.

„Освен Бруно Дита, сите останати фудбалери се подготвени. Добро работевме за време на подготовките, имаме искуство со европски настапи, но сигурно нема да биде лесно против Мура, кој е квалитетен ривал“, изјави тренерот на Шкендија, Ернест Ѓока.

Капитенот Егзон Бејтулаи е убеден дека Шкендија може да победи.

„Мура има свои квалитети, но тоа не е ривал кој е непобедлив. Ние сме Шкендија и сакаме да стигнеме далеку во Европа. Моја лична желба, а и желба на моите соиграчи е да играме во групната фаза во Лигата на шампионите“, оптимистички најави Бејтулаи на прес-конференцијата во пресрет на мечот.

- Оглас -

Најнови вести