Шкендија очекува казна од четири меча неиграње на стадионот во Тетово и ќе плати 5 илјади евра казна,објави „Спортмедија.мк“.
По инцидентот пред натпреварот со Шкупи, но и во текот на мечот, одлуката на ФФМ ќе биде четири меча надвор од Тетово за Шкендија кога ќе биде домаќин во следното првенство и тоа на стадиони што се најмалку 100 километри оддалечние од градот под Шара.
Ќе има и парична казна од 5 илјади евра, за срамните сцени кога беа нападнати гостинските фудбалери и дел од раководството пред мечот, а имаше немили сцени и за време на натпреварот, што кусо беше и прекинат, но сепак се доигра, во последното коло во сезната што заврши минатиот викенд.
Шкупи е нов шампион и ќе игра во квалификациите за Лигата на шампионите, а Шкендија како третопласирана ќе игра во филтер рундите за настап во Европ Лигата.