4.8 C
Skopje
четврток, 27 ноември 2025

Шкендија минимално загуби од Дрита на гостувањето во Приштина (Видео)

Македонскиот првак Шкендија загуби од косовскиот тим Дрита во Приштина во Конференциската лига на УЕФА. Еден момент беше решавачки, а се случи во 21-та минута, кога одбраната на Шкендија не реагираше најдобро, а Дрита тоа знаеше да го казни.


Тренер на Дрита е Зекирија Рамадани, а во тимот играат и македонските интернационалци Егзон Бејтулаи и Блертон Шеји.

Голот за домаќините падна во 21-та минута, кога Арб Манај искористи одбиена топка по еден центаршут во шеснаесетникот на тетовци и со прецизен удар ја смести зад голманот Гаје. Се чини дека имаше и малку среќа со оглед дека не ја зафати најдобро топката, но таа сепак заврши на вистинското место.

Овој дуел имаше големо значење за двете екипи, бидејќи се борат за пласман во нокаут-фазата.

Најблиску до израмнување Шкендија беше во 57-та минута, кога Лиридон Љатифи од слободен удар ја погоди пречката.

Во второто полувреме тренерот Јетон Беќири направи промени со влегувањето на Зејнулаи, Ибраими, Ќака и Адеми, но тие не донесоа промена на резултатот.

Пред самиот крај, Шкендија вршеше силен притисок, но не успеа да израмни, а во дополнителното време голманот Гаје спречи нов гол на Дрита.

- Оглас -

Најнови вести