10.8 C
Skopje
вторник, 4 ноември 2025

Шкендија може да добие реванш против Номе Кајлу

Македонскиот првак Шкендија испадна од квалификациите во Лигата на шампиони, откако беше елиминиран од Номе Кајлу. Тетовци сега може да повторно да се сретнат со истиот ривал, доколку се поклопат резултатите од квалификациите на УЕФА.

Ждрепката во Нион сакаше, победникот од двомечот Шкендија/Дуделанж во следното коло да игра со послабиот од Селтик/Номе Кајлу. Во двата меча кои летово ги одиграа Шкендија и Номе Кајлу, двете екипи имаат по една победа. Тетовци се радуваа на првиот меч на гости со 1:0, но потоа на реваншот беа поразени со 2:1 и тоа со гол примен во 92 минута.

Останатите парови од третото квалификациско коло за ЛЕ се:

Клуж/Макаби – СП Тре/Судува

Арарат/Линколн – Сабуртало/Динамо

Пиаст Гливице/Рига – Ц. Ѕвезда/Хелсинки

Валур Рејкјавик/Лудогорец – ТНС/Копенхаген

Сараево – БАТЕ Борисов/Росенборг

Санта Колума/Астана – Ференцварош/Валета

Партизани/Шериф – Марибор/АИК

Слован/Фероникели – Дундалк/Карабаг

Сутјеска/АПОЕЛ – Торшавн/Линфилд

Пред оваа ждрепка, беа извлечени и паровите од третото претколо во Лигата на шампионите, а двојките може да ги погледнете ТУКА.

 

- Оглас -

Најнови вести