Шкендија и со реми го елиминира Арарат, Академците на Пандев со уште еден пораз се простија од Европа (Видео)

Шкендија прокоцка два гола предност во реваншот со Арарат во Ереван, но не го прокоцка пласманот во второто квалификациско коло во Конференциската лига на УЕФА.

Тетовци со автоголот на Хуан Браво и погодокот на Сидрит Гури водеа со 2:0 по првото полувреме на реваншот и имаа вкупни 4:0 на двомечот со Арарат, кој сепак избегна нов пораз со два гола во второто полувреме.

Автоголот на Хуан Браво по само 66 секунди игра можете да го погледнете ОВДЕ.

Академија Пандев повторно загуби од Лехија, денеска во Скопје со 1:2 и со вкупен резултат од 2:6 струмичани се елиминирани уште во првото коло во квалификациите за настап во Конференциската лига на УЕФА.

Гостите двапати водеа со головите на Пајос во 37. минута и победничкиот на Пјетржак во 82. минута, а почесен погодок за струмичани постигна Димитар Митровски.

Голот на Митровски за 1:1 во 59. минута можете да го погледнете ОВДЕ.

Шкендија ќе игра двомеч со летонска Валмеира, тим што е лидер во домашното првенство, а ќе се игра на 21. и на 28. јули.

 

 

- Оглас -

Најнови вести