Шкендија забележа историска победа откако со 1:0 славеше над Шелбурн во меч од второто коло на Конференциската лига на УЕФА. Македонскиот првак до триумфот стигнаа благодарение на автоголот на гостите од Ирска и тоа во 90+2 минута.
Голема радост имаше кај навивачите на Шкендија по постигнатиот гол, но за жал тоа беше од малубројната публика на арената „Тодор Проески“. Жално делуваше нашиот најголем стадион да зјае речиси празен, затота што од капацитетот над 34.000 гледачи, на трибините имаше едвај 2.000.

Според достапните бројки, дуелот во Скопје од трибините го следеле точно 2.051 гледачи. Само на два меча во цела Европа, во сите средби од Лига на шампиони, Лига на Европа и Конференциска лига имало помал број на гледачи.
На дуелот во Исланд на кој Брејдаблик одигра без голови против Купс имало само 821 гледачи. Историски триумф забележа и екипата на Линколн од Гибралтар. На домашен терен Линколн со 2:1 славеше над Лех, а на овој натпревар имаше само 1.208 гледачи, што не е ни толку чудно ако се знае дека цела земја има помалку од 40.000 жители.

Шкендија со 2.051 гледачи е на третото место по најмала посета, а веднаш зад тетовскиот тим е Дрита на чиј натпревар имаше 2.250 гледачи.
Инаку, Шкендија со овој триумф го подигра рејтингот на македонскиот клупски фудбал, затоа што од 51 место на УЕФА листата, сега Македонија скокна на 47 позиција и во скора иднина повторно ќе има четири клубови на меѓународна сцена.

