Неколку секунди фалеа за Шкендија да донесе нова радост во европските купови. Синоќа на арената „Тодор Проески“ во Скопје, македонскиот првак одигра нерешено 1:1 против Јагиелонија од Полска, во рамките од третото коло во Конференциската лига на УЕФА.
Шкендија водеше со 1:0, но прими гол во 90+10 минута, па на крајот освои само еден бод, но и така останува во трка за пласман во нокаут фазата. Тоа што втор меч по ред на кој Шкендија е домаќин во лигашкиот дел од Конференциската лига, впечатливи се празните трибини.
Според официјалните податоци, дуелот меѓу Шкендија и Јагиелонија го следеле 2.411 гледачи. Тоа е трета најмала посетеност во овие неколку дена во мечевите од европските купови.

Помалку публика од Скопје имаше само на дуелот во Гибралтар каде Линколн и Ријека одиграа 1:1, а на стадионот кој има капацитет од 5.000, вкупно имаше 1.194 гледачи. Втор најнепосетен дуел беше меѓу Динамо Киев и Зрињски. Украинскиот тим игра на неутрален терен во Лубин, Полска, а на трибините имаше 1.576 гледачи. Трет на листата е Шкендија со 2.411 гледачи (имаше и гостински фанови).
Колку за споредба, на дуелот меѓу Шкендија и Шелбурн пред 15 дена во Скопје го следеа само 2.051 гледачи (имаше и гостински фанови) и во тоа коло тоа беше трета најмала посетеност во европските купови во тоа коло.

