Шкендија разбиена од Борец, „фенерџијата“ покажа колку е изедначена лигата

Борец ја надигра Шкендија со 4-2, и иако остана последен на табелата, велешкиот тим покажа дека има квалитет, и најавува голема борба за опстанок во прволигашкото фудбалско друштво. Резултатот е изненадувачки, бидејќи Шкендија од летото 2018 немаше примено четири гола на еден меч, а во домашното првенство, со години не им се случил ваков дебакл. Борец водеше и со 4-0, пред Алими со два погодоци да го ублажи поразот.

Резултатот во Велес со задоволство ќе го прифатат во Вардар, бидејќи тетовци не го искористија киксот на лидерот, па разликата од првиот до вториот на табелата останува осум бода.

Силекс по победата над Македонија Ѓорче Петров, ја стигна Шкендија, се изедначија по број на бодови, па поинтересна ќе биде трката за второто, отколку за првото место. Денеска се игра и во Струга, Шкупи гостува кај Струга Трим Лум во меч кој почна со доцнење од половина час, бидејќи теренот беше поплавен.

- Оглас -

Најнови вести