4.8 C
Skopje
недела, 1 февруари 2026

Шкендија со реми против Ордабаси ги заокружи подготовките во Анталија

Актуелниот шампион Шкендија ја затвори серијата пријателски натпревари на подготовките во Анталија со реми против Ордабаси од Казахстан (1-1).

Избраниците на Јетон Беќири први примија гол, откако Мејли го донесе водството за Ордабаси, но тетовци не се откажаа и во второто полувреме ја засилија офанзивата. Трпеливата игра конечно вроди со плод во финишот, кога Трумчи успеа да ја затресе мрежата за израмнување и конечни 1-1.

По овој натпревар, Шкендија се враќа во Македонија каде ќе ги заокружи подготовките пред стартот на пролетниот дел од сезоната 2025/26. Воедно, македонскиот првак го очекуваат и настапи на европската сцена во Конференциската лига, каде противник ќе им биде турскиот Самсунспор.

- Оглас -

Најнови вести