Шкендија со репрезентативно засилување во нападот, Влатко Стојановски е нов член на тетовци

Три години по сензационалниот трансфер од Ренова во францускиот прволигаш Ним, напаѓачот Влатко Стојановски се враќа во Тетово, но овојпат како член на Шкендија.

Од Шкендија потврдија дека фудбалерот успешно ги минал медицинските прегледи и дека е потпишан договорот за заедничка соработка. Стојановски веќе е во Словенија со останатиот дел од тимот на Шкендија, каде што екипата се подготвува за новата сезона.

Стојановски по преселбата од Ренова во Ним, играше и за вториот тим на Ним, потоа за второлигашот Шамбли, хрватската Горица и сега се враќа дома. Стојановски во 2019 година беше најдобар стрелец во Првата лига, а таа година и дебитираше за македонската репрезентација, за која има девет настапи и два гола.

- Оглас -

Најнови вести