Шкендија е со тенок штоф за Лигата на шампионите, Мура победи во Скопје со 1:0

Голот од пенал на Лука Бобичанец во 28-мата минута ѝ донесе голема предност на Мура од 1:0 пред реваншот во Словенија против Шкендија во првото квалификациско коло за настап во Лигата на шампионите.

Хрватскиот интернационалец кај гостите погоди од белата точка на мечот што вечерва се играше во Скопје, за разлика од Бесарт Ибраими, кој промаши пенал во последните секунди од првото полувреме.

Шкендија имаше иницијатива, но гостите од Мурска Собота имаа подобри шанси и успеаја да победат и да тргнат во реваншот на 13 јули со голема предност.

Тетовци имаа поголем посед на топката и повеќе удари во рамките на голот на гостите, но тие останаа само статистички бројки во дуелот што го загубија.

Мура имаше три убави шанси преку Ципот, Клепац и Хорват дури и да победи поубедливо, Клемен Пуцко постигна гол во 80-тата минута, но беше поништен, но и вака на Шкендија ќе ѝ биде сложена мисијата на 13 јули да надомести негатива од еден гол.

- Оглас -

Најнови вести