Ремито од 1-1 на Ренџерс против Мадервел може да се смета за голем кикс на гигантот од Глазгов бидејќи голот го примија во финишот кога имаа играч повеќе на терен.
Сега Ренџерс има пет бода помалку од лидерот Хартс, а за четири дена овие два тима играат меѓусебе во дерби кое може и да го одлучи првакот иако има уште 12 кола до крај. Хартс 66 години не бил првак на Шкотска, а во последните 41 сезони титулата ја освојувале само Селтик и Ренџерс.
Бојан Миовски вечерва влезе во игра во 86-та минута при 1-0, намерата беше да постигнат втор гол, но беа шокирани и наместо да дадат, Ренџерите примија и сега се во непријатна позиција.

