Шкотска продолжува да гази, на чекор е од пласман на ЕП (Видео)

Репрезентацијата на Шкотска го доби маратонот против Грузија со 2-0 и со максимални 12 бодa е на лидерската позиција во групата А и само на чекор од пласман на Европското првенство.

Овој натпревар беше прекинат во 11-тата минута поради големото невреме и поплавениот терен, а по голема пауза, продолжи и заврши дури по полноќ.

Пред прекинот домашните веќе имаа водство од 1-0 преку Калум Мекрегор, кој стрелаше во шестата минута, а конечните 2-0 за Шкотска ги постигна Скот Мектоминај во 47-мата минута.

Со оваа победа Шкотска е лидер со 12 бода од четири натпревари. Грузија и Норвешка имаат по 4 поени, додека Шпанија има само три, но од два натпревари поради учеството на завршниот турнир од Лигата на нациите и за очекување е дека ќе ѝ се придружи на Шкотска на Европското првенство во Германија.

- Оглас -

Најнови вести