Небото се отвори над Глазгов, прекинат е мечот Шкотска – Грузија

Натпреварот од квалификациите за пласман на ЕП 2024 што се игра на „Хемпден парк“ во Глазгов помеѓу Шкотска и Грузија е прекинат во 11-тата минута бидејќи делови од теренот буквално се под вода по големиот дожд.

Судијата одлучи да го прекине мечот, а делегатот му даде на домаќинот 20-тина минути да ги реши проблемите.

Шкотска поведе во шестата минута со голот на Мекрегор.

- Оглас -

Најнови вести