Шкотска уште вечер може да обезбеди место на ЕП, но поверојатно е дека нема да успее

Репрезентцијата на Шкотска е хит во квалификациите за фудбалското Европско првенство, убедливо води во групата во која е Шпанија. Тимот на селекторот Стив Кларк има максимален учинок од 15 бода по пет кола и уште вечерва може да обезбеди пласман на ЕП 2024 во Германија.

Шкотите треба да ја победат Шпанија за сигурен пласман на ЕВРО 2024, но тоа нема да биде лесно. Шкотска ја совлада Црвената фурија во Глазгов на почетокот на квалификациите, но вечер во Севилја ќе биде многу потешко.

Според квотите во Sport Life, Шпанија е голем фаворит, коефициентот за победа на Шкотска е над 10.0.

- Оглас -

Најнови вести