Шкотски филантроп подари три и пол милиони евра за спас на фудбалот во земјата!

Шкотскиот бизнисмен Џејмс Андерсон направи неверојатен потег за да се спаси фудбалот во земјата. Тој им подари 3,5 милиони фунти на клубовите во Шкотска. Три милиони евра се поделени на професионалните клубови, 300.000 фунти се за детските и јуниорските клубови, а 250.000 фунти се за женските клубови кои функционираат во Шкотска.

„Време е на дело да покажеме дека го сакаме фудбалот и да му помогнеме кога е тоа потребно“, изјави богаташот Андерсон.

Во Шкотска постојат околу 4.000 младински клубови кои ќе добијат дел од парите. Андерсон е близок пријател со претседателот на Хартс, клуб во кој и претходно инвестирал доста пари.

Шкотска беше една од ретките земји кои решија да го прекинат првенството поради пандемијата со корона-вирусот, а Селтик беше прогласен за првак. Новиот шампионат во оваа земја ќе започне на 1 август, кога на програмата се мечевите од првото коло.

 

- Оглас -

Најнови вести