19.8 C
Skopje
четврток, 10 јули 2025

Шкупи ако го елиминира Динамо Загреб, ќе има сигурен пласман во групна фаза од натпреварите на УЕФА

Македонскиот првак Шкупи направи изненадување и одигра 2:2 на гости кај Динамо Загреб во второто квалификациско коло од Лигата на шампионите. За една недела следува реваншот во Скопје, што ќе биде историска шанса за чаирчани да елиминираат реномиран ривал каков што е хрватскиот првак.

Влогот на дуелот во Скопје против Динамо е многу голем затоа што ако Шкупи успее да го елиминира овој фаворизиран противник, чаирчани ќе обезбедат европска есен во УЕФА натпреварувањата и ќе бидат дел од групна фаза.

Како е тоа можно?

Ако Шкупи го елиминира Динамо и се пласира во третото квалификациско коло од Лигата на шампионите, потоа дури и да биде елиминиран од елитното натпреварување на УЕФА, ќе продолжи во плејоф за влез во групната фаза од Лигата на Европа.

Доколку Шкупи биде елиминиран и во плејофот за влез во групната фаза од Лигата на Европа, ќе добие место во групната фаза од Конференциската лига. Со тоа Шкупи ќе биде дел од групна фаза во која ќе има четири екипи и ќе одигра уште шест меча во најслабото натпреварување на УЕФА.

Тоа ќе значи дека Шкупи ќе има европска есен и ќе биде вториот клуб по Вардар што бил дел од групна фаза на едно натпреварување на УЕФА. Најтрофејниот македонски клуб Вардар во 2017 година играше во групната фаза од Лигата на Европа, која е посилно натпреварување од новоформираната Конференциска лига.

- Оглас -

Најнови вести