Шкупи го искористи ремито на Шкендија и остана осамен на врвот на табелата

Фудбалерите на Шкупи славеа со минимални 1:0 против Македонија ЃП во 15-то коло во Првата македонска фудбалска лига.

Поранешниот шампион на најдобар начин го искористи вчерашното реми на Шкендија против Брегалница (2:2) и сега е сам на лидерската позиција со 31 бод, два повеќе од тетовските Црвено-црни.

Одлучувачкиот момент се случи во 55-та минута кога Младеновски беше највисок по нафрлената топка во шеснаесетникот на Лавовите и со глава го совлада Стевковски.

На вториот меч кој се играше во Скопје, на комплексот Петар Милошевски во ФФМ, Работнички и Гостивар одиграа без голови.

- Оглас -

Најнови вести