Шкупи го снајде полоша судбина од Шкендија и го загуби првиот квалификациски дуел против Санта Клара со 3-0 на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје. Чаирчани ќе треба да направат чудо во реваншот во Португалија за да продолжи нивниот сон во Конференциската лига.
Автоголот на Рватабуаје му нанесе проблеми на составот на Гоце Седловски по половина час игра. Гостите влегоа расположени во вториот дел, па веќе во 49-тата минута поведоа со 2-0 преку Карвалјо. Шкупи имаше проблеми со нападот, па обидите за почесен гол во финишот не вродија со плод, туку само ги влошија работите, па Афонсо ги постави конечните 3-0 за Санта Клара во судиското надополнување.
Возвратниот дуел е предвиден за идниот четврток во 22 часот, на стадионот „Де Сао Мигел“ во Понта Делгада.