Шкендија капитулира во Рига (видео)

Шкендија ќе мора да надополнува два гола негатива во реваншот во Скопје ако сака да го задржи европскиот сон. Македонскиот шампион скапо ги плати грешките во одбраната и го загуби првиот меч на гостувањето кај Рига со 2-0 во квалификациите од Конференциската лига.

Составот на Ернест Ѓока веќе по воведните 15 минути мораше да брка резултатски недостаток кога домаќините ја искористија првата посериозна шанса од корнер, а Весли беше највисок во скокот и погоди за 1-0.

Набрзо по стартот на второто полувреме, летонскиот шампион стигна и до сигурни 2-0 преку Вакубалко, кој искористи подарок од Рамадани и неговата кардинална грешка во опасната зона.

Голот за 2-0 можете да го видите ТУКА.

Реваншот е предвиден за идниот четврток, со почеток во 20 часот на Националната арена во Скопје.

Во меѓувреме Риека на Крсте Велковски триумфира со идентични 2-0 на гостувањето кај Гзира, а македонскиот дефанзивец остана на клупата за резерви.

Во дресот на Спартак Трнава дебитираше Милан Ристовски, нашиот напаѓач како стартер играше до 75-тата минута во ремито без голови против Сепси.

- Оглас -

Најнови вести