Шкупи ја стигна Шкендија на врвот, Вардар победи и остана последен

Домашните екипи доминираа на денешните мечеви од Првата македонска фудбалска лига, од гостите непоразени остана Воска спорт во Тетово против Шкендија, која до пред ова коло беше лидер на табелата, и Тиквеш кој во финишот избегна пораз во Ѓорче Петров.

Сега друштво на Шкендија на врвот ѝ прави Шкупи, кој беше убедлив против Работнички.

Најтрофејниот македонски клуб, Вардар, второ коло по ред победи со резултат 1-0, овојпат против Брера Струмица со гол на Омерагиќ во третата минута. Вардарци останаа последни на табелата, но не се далеку зад екипите пред нив.

Првакот Струга претрпе пораз од разиграниот Гостивар, но стружани останаа трети на табелата.

Резултати: Гостивар – Струга 2-1, Македонија Ѓорче Петров – Тиквеш 1-1, Шкендија – Воска спорт 1-1, Шкупи – Работнички 3-0, Вардар – Брера Струмица 1-0. Вчера: Силекс – Брегалница 0-0.

Табела: Шкупи и Шкендија по 25 бодови, Струга 21 (-1 меч), Силекс 20, Брера и Тиквеш по 15, Брегалница и Гостивар по 14, Работнички 13, Македонија ЃП и Воска по 12, Вардар 11 (-1 меч).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести