Дуелот меѓу скопските ривали Шкупи и Вардар во рамките од четвртото коло во Прва лига ќе се игра на стадионот “Младост” во Струмица. Ова вечерва го потврдија од Комисијата за натпревари во рамки на Фудбалската федерација на Македонија.
Шкупи мораше да бара алтернативно решение за тоа каде ќе игра како домаќин, откако стадионот во Чаир не ја помина инспекцијата за утврдување дали поатојат услови таму да се игра прволигашки фудбал.
Дуелот меѓу Шкупи и Вардар ќе се одигра на 29 август (петок) со почеток во 16:30 часот.