Шкендија и со комбиниран состав, со одморање на неколку првотимци, без проблем го победи Шкупи со 5-1 во првиот меч од новата сезона во Првата македонска фудбалска лига.
Шкупи на ова гостување во Тетово во почетниот состав имаше дури седум младинци, а на клупата за резерви имаше само по двајца голмани и играчи. Доколку цела сезона играат со ваков состав, на чаирчани не им се пишува добро.
Навивачката група „Шверцери“ која е во конфликт со раководството, на кратко се појави на стадионот во Тетово и си замина, но остави транспарент со кој го изрази незадоволството од случувањата во клубот.
Флорент Рамадани беше стрелец на првиот гол сезонава во ПМФЛ. Шкупи изненадувачки израмни на 1-1, Шкендија брзо поведе со 2-1, резултат со кој се замина на полувреме. Од 70-та до 83-та минута Шкендија даде три гола.
Македонскиот првак за четири го чека реваншот со Карабах од квалификациите за Лигата на шампионите и ова денеска им беше убава увертира.
Вечерва се игра уште еден меч од ПМФЛ, Вардар е домаќин на Пелистер во дербито. Утре пак се играат два меча, а в недела и понеделник ќе има по еден.