29.8 C
Skopje
петок, 15 август 2025

Шкупи нема да игра против Силекс, мечот ќе биде регистриран со службен резултат

Екипата на Шкупи се соочуваше со големи проблеми во пресрет на новата сезона во Првата македонска фудбалска лига. Чаирчани прво имаа забрана за трансфери од ФИФА, па откако беше тргната забраната, немаа 15 фудбалери со професионални договори, а ниту стадионот „Чаир“ не ги исполнуваше условите за натпревари со ВАР систем.

Раководството на Шкупи долго бараше соодветен терен, во Комет системот на ФФМ прво беше внесен Гостивар како домашен терен, па избришан, па се појавија информации дека ќе играат во Куманово, но и од тоа немаше ништо. Последната информација беше дека Шкупи ќе го пречека Силекс во Струмица, но се чини дека „чаирчани“ воопшто и нема да играат.

Од Силекс објавија дека мечот и официјално нема да се игра и тој ќе биде регистриран со службена победа од 3-0 во нивна корист.

И во Комет системот на ФФМ може да се забележи дека мечот Шкупи – Силекс е единствениот кој не е закажан и за која нема внесено место на одигрување.

- Оглас -

Најнови вести