Шкупи немаше проблем со Вардар, Силекс ги скроти Лавовите во Ѓорче Петров

Шкупи немаше големи проблеми со Вардар во големото скопско дерби, победи со 2:0 и остана во трката за титулата. Региналдо по мирниот почеток на дербито погоди во 29. минута и го отвори патот за чаирчани кон значаен триумф.

Вардар се обиде да возврати, но прими уште еден гол во 67. минута и остана без бодови. Филип Глигоров беше стрелец за триумф на второпласираната екипа на табелата во Првата македонска лига.

Силекс го приреди изненадувањето на 23. коло во ПМФЛ, во Ѓорче Петров со победа од 3:0 против Македонија и освои бодови кои значат многу во обидот да се продолжи прволигашкиот статус.

Минимални победи од по 1:0 забележаа Шкендија против Пелистер и Борец со Беласица, а дуелот во Струга каде гостуваше Ренова заврши нерешено без голови.

Резултати: Шкупи – Вардар 2:0, Македонија Ѓ.П. – Силекс 0:3, Шкендија – Пелистер 1:0, Борец – Беласица 1:0. Вчера: Работнички – Академија Пандев 0:2

Табела: Шкендија 50, Шкупи 43, Македонија Ѓ.П. 38, Струга 34, Работнички и Борец по 32, Пелистер 29, Вардар 27, Силекс 26, Академија Пандев 25, Ренова 24, Беласица 13.

 

- Оглас -

Најнови вести