Шкупи ќе тргне од Шпанија и на „Викторија“ во Гибралтар ќе го нападне Линколн

Македонскиот првак Шкупи има голема предност од 3:0 пред реваншот со Линколн Ред Импс, денеска од 18 часот на „Викторија“ стадионот во Гибралтар во меч од првото квалификациско коло за Лигата на шампионите.

Денеска чаирчани ќе нападнат од Шпанија, каде се сместени, бидејќи на Гибралтар има проблем со сместувачките капацитети.

Ќе патуваат со автобус до „Викторија“, а се надеваат дека целото патешествие ќе биде успешно и со втора победа против Линколн.

Шкупи има голема предност, Линколн се надева на подвиг, а вкупниот победник од двомечот ќе игра против Динамо Загреб во второто квалификациско коло.

 

- Оглас -

Најнови вести