Шкупи се засили со тројца Сенегалци, пристигна и Илиоски од Тиквеш

Дефанзивецот Дарко Илиоски е петтото летно засилување на Шкупи, а 23-годишниот дефанзивец пристигна на Чаир од Тиквеш и потпиша едногодишен договор.

Пред него Шкупи го ангажираше Фатјон Јусуфи, а ќе биде интересно да се види како во тимот ќе се вклопат и тројцата нови играчи од Сенегал.

Абубакрин Сал е напаѓач, има 27 години и е највозрасен во триото Сенегалци што се договорија со Шкупи. Последен клуб му е Ал Тае од Саудиска Арабија. Со него на Чаир пристигнаа и 24-годишниот Оумар Гвидаби, кој игра во средниот ред и 18-годишниот Ламине Диак од Академијата на Осло.

Сите тројца како и Илиоски потпишаа едногодишни договори со Шкупи, екипа која ќе игра во квалификациите за настап во Европа Лигата.

Прв противник на чаирчани е Пјуник од Ерменија, а дуелите ќе се играат на 11. јули во Ерменија и седум дена подоцна во Скопје.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести