Бесир Демири се врати во матичниот клуб Шкупи и ќе игра за македонскиот првак во следната сезона.
Левиот бек кој беше дел од златната генерација македонски младинци која испиша историја со настап на Европското првенство во 2017 во Полска, по 7 години прави кам-бек во клубот каде ја почна кариерата.
Во меѓувреме играше и за Шкендија, Вардар, Мариупол, Жилина, Кукс и Динамо Тирана, а зема и албански пасош и се уште чека настап за А селекцијата на оваа земја.
Демири ќе биде одлично засилување за Шкупи, а би можел да игра во еврокуповите, ако чаирчани обезбедат настап во фаза по групи во Европа Лигата.