Петте мечеви од Првата македонска фудбалска лига се интересни секој на свој начин, присутна е возбудата, а тоа ги прави привлечни и за обложувачите кои ќе решат да уплатат во Sport Life.
Слободна е Шкендија која е моментно е втора на табелата, а од 15 часот се играат сите пет меча од оваа рунда.
Струга и Шкупи се фаворити на гости против екипи од долниот дел на табелата, и би требало со нови три бода да ја продолжат трката за титулата.
Академија Пандев и Работнички во меѓусебен дуел ќе бараат излез од кризата и серијата лоши резултати, а Брегалница Штип и финалистот од купот, Македонија Ѓорче Петров ќе се борат за продолжување на низата мечеви без пораз.
Квотите за единица и двојка се најблиски за мечот во Кавадарци. Тиквеш кој нема победа во 2023 година, го пречекува Силекс, а кратовци победија со 2-0 на своето последно гостување во Кавадарци.