Шкупи: „Сите знаат кој е вистинскиот есенски шампион“

Екипата на Шкупи есенската полусезона од Првата македонска фудбалска лига ја заврши на втората позиција со бод помалку од лидерот Струга. Сепак, доколку не беа судиските грешки во последните неколку кола, табелата ќе изгледаше сосема поинаку, а токму на тоа алудира објавата на поранешниот шампион на Македонија, чаирскиот Шкупи.

Од Шкупи се огласија на социјалните мрежи и истакнаа дека секој бод што го освоиле е заработен со пот на теренот. Објавата завршува со пораката дека сите знаат кој е вистинскиот лидер.

И навистина, доколку судиите не направеа толку грешки во последните неколку есенски кола, табелата ќе изгледаше сосема поинаку, и на врвот и на дното.

- Оглас -

Најнови вести