Легендарниот дански голман Петер Шмајхел во живо го следел натпреварот помеѓу Манчестер сити и Интер од Лигата на шампионите, кој заврши без голови, и беше разочаран од виденото.
Поранешниот голман на Манчестер јунајтед не беше импресиониран од играта на двата тима, ниту од навивачите на стадионот „Етихад“.
„Мислам дека тоа беше навистина, навистина досаден натпревар. Жал ми е што го кажувам ова. Интер добро се обиде да го запре Манчестер сити“, искоментира Шмајхел.
„Ми се допаѓа добар фудбал и возбудата на навивачите. На овој меч ги немаше. Етихад беше мртов. Немаше атмосфера. Единствените што можевме да ги слушнеме беа навивачите на Интер. Во првото полувреме поминав многу време барајќи да го гледам натпреварот на Селтик со Слован, но безжичниот интернет овде не е многу добар, па го читав коментарот во живо“, додаде незадоволниот Шмајхел.