Шок до шок на Светското првенство во снукер, никој не очекуваше вака да изгледа полуфиналето

Денеска почнуваат полуфиналињата на Светското првенство во снукер, а двојките се Кајрен Вилсон – Дејвид Гилберт и Џек Џонс – Стјуарт Бингам. За првпат после 47 години, во полуфинале на СП ќе играат тројца играчи кои настапија и во квалификациите за настанот во „Крусибл театарот“ во Шефилд.

Серијата изненадувања на првенството која почна со елиминациите на ланскиот шампион Лука Бресел, повеќекратните екс прваци Марк Селби и Џон Хигинс, кулминираше вчера кога беа поразени фаворитите Џад Трамп и љубимецот на публиката Рони О’Саливен.

Популарниот Рони кој се надеваше на рекордна осма светска титула, испадна од Бингам со 10-13 во фрејмови. Бингам беше светски првак во 2015 година, а и тогаш го победи О’Саливен, па ова е добар знак за него.

Освен што остана без нова светска титула, О’Саливен на најновата ранг-листа која ќе биде објавена на 7-ми мај, ќе го загуби и првото место. Нов број 1 ќе биде Марк Ален.

- Оглас -

Најнови вести