Младиот чешки тенисер Јакуб Меншик се соочи со невидена ситуација кога замина во тоалет среде меч. Таму го начекале луѓето од антидопинг-агенцијата и од него побарале да даде урина за да му биде направен допинг-тест.
Ова се случи во Саудиска Арабија, каде што играат најдобрите млади тенисери на светот, популарниот ATP Next Gen finals.
Шокираниот Меншик му кажал на судијата што му се случило, по што се вклучи супервизорот, па 19-годишниот Чех сепак не мораше да биде тестиран додека траеше мечот со Артур Филс.
Допинг-тестови обично се прават пред или по натпревар и се шпекулира дека лицата од агенцијата кога ги виделе Меншик во поттрибинскиот простор, можеби мислеле дека средбата е завршена.